ГОДИШНА ПРОГРАМА НА ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ за учебната 2021/22година
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велес
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА
Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. Образовните асистенти учествуваат во наставата на различни начини, секогаш под супервизија на наставникот, за да се подобри процесот на учење. Тие ја фасилитираат групната работа со сите учениците во одделението, повремено работат индивидуално со одредени ученици на зајакнување на нивните вештини, помагаат во менаџирање на училницата. Целта на поддршката што ја даваат образовните асистенти е преку соработка со наставниците и со примена на методите на кооперативно учење и поучување да им помогнат на учениците со попреченост да учествуваат во воспитно-образовниот процес, максимално да ги реализираат своите потенцијали, да стекнат самостојност и социјална вклученост во училишната средина.
Согласно новите надлежности училиштата со ресурсен центар ја обезбедуваат услугата образовна асистенција за учениците со попреченост кои добиле препорака за истото од Комисијата за функционална проценка за општините кои согласно Решението за реонизација за соработка на општинските основни училишта со основните училишта со ресурсен центар бр.12-1861/1 од 02.02.2021им се утврдени како реони за соработка и обезбедување на поддршка.
Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „МАЦА ОВЧАРОВА“ Велесги повикува сите заинтересирани кандидати/ки од општините Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Пробиштип кои имаат интерес да ја обезбедуваат услугата од образовна асистенција да поднесат пријава за интерес до училиштетето на адреса:
ПОУ „Маца Овчарова“-Велес, ул„Кресненско востание“ бр.4, Велес или
по електронски пат на [email protected]
со назнака Изјавување на интерес за образовен асистент
Кон барањето потребно е да се достави писмо со намери зошто кандидатот/ка се пријавува на повикот, задолжително се доставува кратка биографија (CV), и доколку кандидатот/ка веќе обезбедува образовна асистенција на ученик/ученичка да се наведе името на училиштето, одделението на ученикот/ученичката и со задолжителна претходна согласност на родителот/старателот име и презиме на ученикот/ученичката.
На Јавниот повик за изразување на интерес право на пријавување имаат сите кандидати/ки кои ги исполнуваат условите пропишани со Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр.18/-13724/2 од 2.12.2020 година и Правилникот за изменување на правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи за образовниот и личниот асистент бр. 18-8691/1 8.6.2021, односно специјален едукатор и рехабилитатор, психолог, педагог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено VII/1 степенте.VI/Aспоред македонската рамка за квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС), односно наставник по предметна настава (VII/1степен те. VI/Aспоред МРК или 240 ЕКТС).
Кандидати кои ги исполнуваат условите наведени погоре, ќе добијат можност да посетуваат основна обука за образовна асистенција и понатаму да се вработат како образовни асистенти во рамките на ПОУ„Маца Овчарова„- Велес.
За регионот кој го покрива ПОУ Маца Овчарова Велсе согласно потребите предвидени се 80 образовни асистенти за учебната 2021/2022 година.
За подетални информации Ве молиме да не контактирате на 043/231-987 или на моб. 070 727 027
Времетраењето на Јавниот оглас за изразување интерес за обезбедување на услугата за лична помош е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето (28.06.2021-02.07.2021)
Основно училиште со ресурсен центар „Маца Овчарова“ Велес
Директор Мирјана Дамњановиќ
Резултати од државниот натпревар по физика
Честитки до ученичката Марика Георгиевска од 8 б одделение и наставничката ментор- Милка Василова за постигањата на државниот натпревар по Физика одржан на 05.06.2021 на ПМФ во Скопје и освоената трета награда. Нека успесите и понатаму бидат синонимот за вашиот труд и посветеност….
Резултати од регионалниот натпревар по хемија
Честитки за нашата ученичка Благица Рамова од 9 – тто одделение за освоената 2 награда на регионалниот натпревар по хемија одржан на 28 мај во Гевгелија. Менторската поддршка од предметниот наставник по Хемија – Павлинка Голчева продолжува со исто темпо на подготовки и за престојниот државен натпревар на ПМФ Скопје.Да им посакаме многу успеси и награди и понатаму….
Известување за запишани деца во прво одделение во ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци во учебната 2021/2022
Успешен проект во рамките на Еразмус +
На минатонеделниот семинар од едицијата на Проекти во рамките на Erasmus+ партнерството за меѓу училишна размена насловен како „Промовирање напредок во образованието се одржа виртуелен состанок чиј домаќин беше Економското yчилиште ′′Димитрие Кантемир′′ од Сучеава. Дополнително промовирање на напредокот во општеството се реализираше помеѓу партнер-училиштата во овој проект: – Високообразовен институт Франческо Ферара, Мазара Дел Вало – Италија, – ООУ Гоце Делчев, Кавадарци – Македонија, – Средно училиште Неринга- Литуанија, Туристичко угостителско училиште од Сплит – Хрватска. Главната цел на проектот беше запознавање на учениците со алатките кои ги нудат интернет и мултимедијалните содржини, евалуација, експлоатација и безбедно користење на веб ресурси. За време на оваа виртуелна средба, учениците открија иновативни начини за презентирање на содржините, соработка и подобрување на процесот на учење преку ИКТ: Google Docs, Slides, web quuest, Kahoot.
Резултати од државниот натпревар по Географија
И државниот натпревар по Географија нашата ученичка Марика Георгиевска не го одмина без забележано достигнување. Нејзината трудољубивост и подршката од наставникот ментор Снежана Ристовска резултираа со солидни знаења и освоена ПОФАЛНИЦА. Честитки до ученичката и наставничката!!!
Честитки за успесите на нашите ученици и наставникот и ментор Ристо Јосифовски – Ромбо
„Кога задоволството, љубовта и трудот кон работата што те исполнува ке се спојат, успехот е неизбежен… Посебна благодарност до сите ученици кој со својот талент беа дел од оваа големо признание, дечки ви благодарам од се … Одиме уште појако наредните години со ммогу повеќе први места“ – Ристо Јосифовски – Ромбо
Онлајн работилници на програмата Еразмус + и Националната агенција за европска образовна програма
Успешно завршените он лајн работилници за мобилности во рамките на Програмата Еразмус + и Националната агенција за европска образовна програма и мобилност беа предизвик за нашите ученици да се вклучат со свои активности и да ги застапуваат своите ставови и сознанија за темата „Стоп за училишното насилство„ . Напоредно со презентациите, учениците изработија и стрип со замислени ликови кои асоцираат сценарија со можни непријатни ситуации кои произлегуваат од училишното насилство и начини за нивно спречување.