1. Водата е скапоцена да не ја трошиме бесполезно.
2.Енергијата вреди да се штеди.
3.Користи дневна светлина постојано, а светла само кога е потребно.
4.Не фрлај ѓубре секаде и во сите моменти, корпата за отпадоци чека
свои клиенти.
5.Засади дрво, засади цвет – разубави го овој свет.
6.Избери живот храни се здраво, телото и умот ќе ти кажат дека си во
право.
7.Дај се од себе, природата е дел од тебе.
Природата ја чуваме, не ја загадуваме. Отпадот го селектираме, за да го рециклираме. Ние луѓе мали сме но еколози големи. Храна здрава јадеме, со овошје се сладиме. Енергија и вода штедиме така повеќе вредиме. Ние луѓе мали сме, но еколози големи Ѓубре не расфрламе, во кантите го фрламе. Дрвја вредно садиме, во нивни сенки да се ладиме. Ние луѓе мали сме, но еколози големи Добар пример ние сме за идна генерација, горда на нас нека е цела наша нација. Ние луѓе мали сме, но еколози големи.