За Патронатот

4 Февруари 1872, Кукуш,  е роден Гоце Делчев, неприкосновен авторитет, водач и стратег на Македонската револуционерна организација и  борец за самостојната македонска државност, симбол на борбата на македонскиот народ за слобода.

Великанот и визионерот Гоце Делчев го разбираше светот единствено како поле на културен натпревар меѓу народите и тоа го вплоти како аманет да живее во секој од нас…да живеат  неговата искреност, чесност и праведност, неговата желба за културен напредок и најмногу космополитизмот и градењето хумани општочовечки односи помеѓу сите народи со кои делиме исто тло.

Гоце Делчев е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерено движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на Македонија, идеолог, организатор и водач на национално ослободителното движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Името и дејноста на Гоце Делчев се вткаени во нашата историја како синоним за една борба и пожртвуваност за својот народ, синоним за идеологијата за слобода. Неговите мисли и идеали остануваат длабоко вткаени во историската свест на македонскиот народ.

Горди сме што нашето училиште го носи  неговото име и што секоја година на патрониот празник на училиштето на 4-ти Мај му оддаваме само дел од должната и неизмерна почит на нашиот великан…

Гоце Делчев е срце во нашите срца! Слава му…