За училиштето

ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци е лоцирано во новиот центар на градот на бул.„Цветан Димов“. Самата местоположба на училиштето е таква што се наоѓа на раскрсницата на булеварите „Цветан Димов”, „Моша Пијаде“, и улицата „Гоце Делчев”, а околу училиштето се наоѓаат згради – стамбени блокови. Непосредно до училиштето е сместена детската градинка „Рада Поцева” односно клонот „Гоце Делчев” од истата.

Во ООУ „Гоце Делчев” оваа учебна година се школуваат вкупно 625 ученици во вкупно 27 паралелки од кои 15 паралелки се одделенска настава,а 12 се предметна настава. Продолжен престој во 3 групи е организиран за учениците од одделенска настава.

Училиштето располага со 11174 м² вкупен простор од кој 3000 м² корисен простор и 8174 м² добро уреден двор. Истиот е уреден со дрвја и цвеќиња, а на предниот дел има Спомен биста на патронот кој го одржуваат учениците. Училиштето е целосно оградено. Во зимските месеци просториите се загреваат со парно греење на нафта. Наставата се изведува во училишна зграда – објект кој максимално нуди услови за воспитание и образование за 700 ученици.

Воедно во склопот во училиштето е и спортската сала која ги исполнува стандардите за настава по физичко и здравствено образование, која е реновирана 2004-2005 година. Анекс кон главната зграда е и објектот во кој се сместени два кабинети за предметна настава и училишниот дефектолог,како и две простории за паралелките од продолжен престој. По иницијатива и со помош на граданачалникот и локалната самоуправа уредeни се спортските терени за кошарка, ракомет, мал фудбал и уредување на забавен парк. За време на летниот распуст направена е подготовка во сите училници со расположливиот компјутерски капацитет за реализација на проектот „Компјутер за секое дете”. Извршена е целосна реконструкција на кровот и изградено е мулти наменско игралиште.

ВКУПЕН БРОЈ НА УЧИЛИШНИ ЗГРАДИ 2

ПОДРАЧНИ УЧИЛИШТА НЕМА

БРУТО ПОВРШИНА 11174 М2

НЕТО ПОВРШИНА 3000 М2

БРОЈ НА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ 2

БРОЈ НА КАТОВИ 1

БРОЈ НА УЧИЛНИЦИ 20

БРОЈ НА ПОМОШНИ ПРОСТОРИИ 11

УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА 1

НАЧИН НА ЗАГРЕВАЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО СО ПАРНО ГРЕЕЊЕ