Еразмус+

МЕЃУНАРОДНИ ОБРАЗОВНИ ИСКУСТВА ВО OOУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ОД КАВАДАРЦИ
,,УЧИЛИШТЕТО „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ„ОД КАВАДАРЦИ, КАКО ДОБИТНИК НА АКРЕДИТАЦИЈА ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ПРЕКУ ПРОГРАМАТА “ЕРАЗМУС ПЛУС” ФИНАНСИРАНО ОД МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И МОБИЛНОСТ, РЕАЛИЗИРА ТРИ АКТИВНОСТИ КОИ СЕ ОДВИВАА ВО ПЕРИОД ОД МЕСЕЦ АВГУСТ ДО МЕСЕЦ НОЕМВРИ :
– ГРУПНА МОБИЛНОСТ НА УЧЕНИЦИ ВО СТАВЕРН- НОРВЕШКА, ПОСЕТА НА КУРС ЗА ИКТ ВЕШТИНИ И ИЗУЧУВАЊE НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ЛИМАСОЛ, КИПАР, КАКО И СЛЕДЕЊЕ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС ВО
ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕ ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА.
ДЕСЕТ УЧЕНИЦИ И ДВАЈЦА НАСТАВНИЦИ ПРИСУСТВУВАА НА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТЕ ВО ГРАДОТ СТАВЕРН, НОРВЕШКА КАДЕ ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИТЕ ОД НОРВЕШКОТО УЧИЛИШТЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА НАУЧАТ МНОГУ РАБОТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО НОРВЕШКА, ДА НАПРАВАТ СПОРЕДБА СО НАШИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ И ДА ГО СПОДЕЛАТ НАУЧЕНОТО СО НИВНИТЕ ВРСНИЦИ ВО НИВНОТО УЧИЛИШТЕ ПО ВРАЌАЊЕТО ДОМА. УЧЕНИЦИТЕ НА ПОКАНА ОД НИВНИТЕ СОУЧЕНИЦИ, ИМАА МОЖНОСТ ДА ПОМИНАТ ДЕН ВО НОРВЕШКО СЕМЕЈСТВО ПРИ ШТО СЕ ЗАПОЗНАА СО НОРВЕШКАТА КУЛТУРА И ОБИЧАИ, ШТО ЗА НИВ БЕШЕ ЕДНО НЕЗАБОРАВНО И НЕСЕКОЈДНЕВНОИСКУСТВО. КАКО ДЕЛ ОД СЛОБОДНИТЕ АКТИВНОСТИ, УЧЕНИЦИТЕ ПОСЕТИЈА ЗАБАВЕН ПАРК КОЈ РАБОТИ ИСКЛУЧИВО НА ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ГИ ПОЧИТУВА СИТЕ ЕКО ЕНЕРГЕТСКИ СТНДАРДИ.
-ЕДЕН НАСТАВНИК ПОСЕТИ КУРС ЗА ПРИМЕНА НА ИКТ ВЕШТИНИ ВО НАСТАВАТА ВО ЛИМАСОЛ, КИПАР КАДЕ БЕА ПРЕЗЕНТИРАНИ НАЈНОВИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ВО ИНФОРМАТИЧКАТА ТЕХНОЛОГИЈА КОИ УСПЕШНО МОЖЕ ДА СЕ ПРИМЕНАТ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС. ВО ИСТАТА ОРГАНИЗАЦИЈА БЕШЕ И ЈАЗИЧНИОТ КУРС ЗА НАСТАВНИЦИ КАДЕ ЕДЕН НАСТАВНИК ОД УЧИЛИШТЕТО ПРИСУСТВУВАШЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАЗИЧНИ ВЕШТИНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК. БЕШЕ ОДБРАНО ТОКМУ ОВА УЧИЛИШТЕ БИДЕЈЌИ КИПАР ДОЛГИ ГОДИНИ БЕШЕ АНГЛИСКА КОЛОНИЈА И НА ОСТРОВОТ СЕ УШТЕ Е ПРИСУТНА ТРАДИЦИЈАТА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ ПАРАЛЕЛНО СО ГРЧКИОТ И НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК, БИДЕЈЌИ ИМА ГОЛЕМ БРОЈ НА УЧИЛИШТА КОИ НУДАТ РАЗНИ КУРСЕВИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК, ВО ЗАВИСНОСТ ОД НИВОТО НА ЈАЗИЧНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ.
-ПСИХОЛОГОТ НА УЧИЛИШТЕТО, ДИРЕКТОРОТ И ЕДЕН ОДДЕЛЕНСКИ НАСТАВНИК ПОСЕТИЈА ПАРТНЕР
УЧИЛИШТЕ ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА КАДЕ ИМАА МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАПОЗНААТ СО РАБОТАТА НА ИСТОТО И ДА РАЗМЕНАТ ИСКУСТВА И НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ КОИ ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ ПРИМЕНАТ НА СВОЕТО РАБОТНО МЕСТО.СИТЕ ОВИЕ МОБИЛНОСТИ СЕ НЕЗАБОРАВНИ ИСКУСТВА КОИ УЧЕСНИЦИТЕ ЌЕ ГИ ПАМЕТАТ ДОЛГО И СОКОИ ЌЕ ГИ ПОДОБРАТ СВОИТЕ ОБРАЗОВНИ, ЈАЗИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ, СТЕКНУВАЈЌИ ДОЛГОТРАЈНИ ПРИЈАТЕЛСТВА КОИ ЌЕ ТРААТ ДОЛГО И ПОСЛЕ ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ. АКРЕДИТАЦИЈАТА НАУЧИЛИШТЕТО ПРОДОЛЖУВА И ВО НАРЕДНИТЕГОДИНИ.
СЕ НАДЕВАМЕ НА СЛИЧНИ ИСКУСТВА ВО УШТЕ ПОГОЛЕМ ОБЕМ ВО ТЕКОТ НА НАРЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ.” велат од училиштето.

Мобилноста за проектот се одржа во периодот од 12ти до 16ти Септември 2022 година  во училиштето ITU Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi  во Истамбул – Турција. Во Мобилноста учествуваа и беа вклучени училишта од Македонија, Турција, Италија, Словенија и Холандија.

 
 
 
Akt It! Film It ! Share It! – Глуми! Сними! Сподели!
Мобилноста за проектот се одржувеше од 27 март до 31 март 2022 година во училиштето Esprominho – esccola profissional do minho во градот Брага, Португалија .
Нашето училиште има повеќе проекти од програмата Еразмус +. Во овој Проект Еразмус + Аkt it! Film it ! Share it! – Глуми! Сними! Сподели! е во соработка и заедничка реализација на проектот со училишта од Португалија, Бугарија и Полска.
Неделата несомнено беше авнтура. Чест и задоволство е да се биде дел од мобилноста во Брага, Португалија. Реализацијата на проектот, соработката и дружењето со учениците од Португалија, Поласка и Данска беше можност да се запознаеме и да го збогатиме нашето едукативно искуство.
Со посетата на Брага, Порто и Виана До Кастело ја имавме можност да го запознаеме културното наследство и историја на Португалија, посетивме неколку музеи, акпели, најстариот театар-циркус, паркови, споменици, можевме да пробаме неколку традиционални јадења, да слушаме типични песни. За паметење беше гостопримството на португалските учесници како домаќини на оваа мобилност а со дел од нашите фотографии од мобилноста ќе остане запаметено засекогаш.