Ученичкиот парламент со свој придонес во предизвикот на 21 век.Интеракцијата – зачувување на менталното здравје и индивидуалното и општественото здравје.

Учениците од ученичкиот парламент денес имаа прилика да учествуваат на интерактивна работилница со проследување на презентација за зачувување на менталното здравје како дел од индивидуалното и општественото здравје.

 

Новогодишни празници без пиротенички средства,апел на учениците од нашето училиште

„Употребата на пиротехничките средства„ како актуелна тема за тековниот период деновиве беше детално разработена со ученици од 6-то и 7-мо одделение со посредство на стручно лице од МВР ПСОН Кавадарци – помошник командир за јавен ред и мир и превенција Деан Камчев. Учениците се запознаа со опасноста по здравјето, како и со законските регулативи на кои подлежат граѓаните кои нелегално дистрибуираат и користат пиротехнички средства

Ученички парламент и работилница „Здраво Живеење„

Ученичкиот парламент одржа работилница под раководство на училишниот психолог под наслов „Здраво Живеење„ ,каде интерактивно работеа на компонентите на здрав живот и се осврнаа на сите промени што ги доживува една личност во овие две години, во услови на пандемија и како се одразува врз менталното здравје

е.

Кога ќе помислите на детски мозок, замислувате нежен цвет од роза на кој трепери капка роса. Каква грижа и нежност е потребна за по берењето цвет да не падне капка. В. A. Сухомлински

Дел од реализацијата на Програмата за работа на ученичкиот правобранител и неговите заменици и успешно реализираните работилници : „Запознавање со Конвенцијата за правата на детето„ и „Имам право да ги знам моите права„

 

Претставници на Италијанска амбасада во посета на нашето училиште

Денес ООУ Гоце Делчев беше посетено од претставници од Италијанска амбасада. Директорката на училиштето Весна Ангеловска оствари работна средба со претставници од амбасадата проф. Др. Марко Пешетели и проф. Др. Радица Никодиновска на теми кои беа насочени кон реализацијата на предметот италијански јазик во нашето училиште. Во таа насока беа разгледани можностите за идна соработка на училиштето и амбасадата, кои ќе придонесат за зголемување на интересот и мотивацијата кај учениците за изучување на италијанскиот јазик.

 

 

Дел од избор на дете правобранител и негови заменици

После успешно спроведеното интервју со пријавените кандидати за избор на дете правобранител и негови заменици комисијата имаше тешка задача, но сепак го избра најдобриот меѓу најдобрите. Честитки за избраниот ученик, дете правобранител Марко Плачков од 7 а одделение, за замениците Панче Стојанов и Весна Ѓорчева и Тимот од останатите апликанти кои се покажаа со извонредните компететенции: Евгенија Ѓелевски, Трајче Шатков и Христијан Ристов кои ќе бидат соработници на правобранителот и лојална поддршка во сите планирани активности… Со добро здравје и елан за успешна работа до реализација на сите ученички цели.

,,Моите права и моите одговорности” првачињата го одбележаа Светскиот ден на детето

Општинската организација на Црвен Крст.„Превенција и грижа за општото здравје„

Од плодната соработка со Општинската организација на Црвен Крст – Кавадарци произлезе уште една општествено-корисна активност и предавање на тема „Превенција и грижа за општото здравје„ .Исцрпните предавања од страна на д-р Ратко Грков предизвикаа голем интерес кај вработените и збогатувања на постоечките знаења.