Денес 28-ми ноември, во чест на празникот “Thanksgiving-Денот на благодарноста” на часот по англиски јазик нашите ученици од осмите и 9а одделение ја одбележаа едната од петте најважни човечки доблести БЛАГОДАРНОСТА.
Се запознаа со вокабулар соодветен на празникот, се изразија и споделија за што и кон кого се чувствуваат благодарни, а потоа го прославија овој убав повод со заедничка трпеза…
Секој ученик си доби посебна домашна задача за изразување добрина преку дело…