Одбележување на 24-ти Март – Светскиот ден на туберкулозата… Целта е иста секоја година и останува до следната: Да се подигне јавната свест за застрашувачките здравствени, социјални и економски последици од туберкулозата и за зголемување на напорите да се стави крај на глобалната епидемија на туберкулоза. Благодарност до предавачот Жаклина Јованова која под симболот на ЦрвениотКрст нa ООЦК КАВАДАРЦИ оддржа едукативна работилница

Кавадаречки полумаратон Основно училиште Гоце Делчев .Освоено едно второ место Борјана Грижева и четири трети места: Петар Еленов,Фросина Алексова.Сирма Стојановска и Марија Тодорова се здобија со пехари.

Сите реакции:

35Biljana Bogevska, Милка Василова и 33 други

Имајќи ги во предвид најновите трендови на социјалните мрежи кои ја загрозуваат безбедноста на децата и негативно влијаат на нивниот развој, наставникот по ИНФОРМАТИКА Гордана Богева реализира низа едукативни активности со учениците од предметна настава со цел проширување на знаењата на децата со мерки за безбедно однесување на интернет, етичко и културно однесување и одолевање на актуелните неетички и неморални предизвици кои ја загрозуваат безбедноста, здравјето и ликот на ученикот.

Во периодот од 26,01,2025 до 07,02,2025 беа реализирани следниве активности:

• Предавања на тема: Безбедно однесување на интернет и предизвиците на социјалните мрежи

• НЕДЕЛА НА ИНФОРМАТИКАТА – Работилница „Безбедно на интернет“