По повод Неделата за превенција од кардиоваскуларни заболувања во ООУ„Гоце Делчев“, Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци организираше едукативно-превентивна работилница со учениците.На темата „Превенција од кардиоваскуларни заболувања“ Др. Тони Јованов преку исцрпно излагање и интерактивен пристап ги запозна присутните со симптомите, причините и превенирањето на срцевите заболувања.