И оваа година вредните „италијанци„ од нашето училиште по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот -La settimana della lingua italiana nel mondo-која се одржa од 16-22 октомври, на тема: ,,Италијанскиот јазик и одржливоста”, го одбележaa овој настан со интересни содржини: изработка на индивидуални цртежи, заеднички хамери интересни дијалози и самите испишаа поучни пароли до сите во светот за Заштита на животната средина и Екологијата. Истите активности беа претставени на дигитална изложба организирана од страна на ЗПИРМ во соработка со Италијанската амбасада и со поддршката на амбасадорот, г-дин Андреа Силвестри, на ден 26.10.2023 во 19:30ч. 31 Oct