ОГЛАС за запишување ученици во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци

Во согласност со објавениот Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта во

учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија

СОУ  ГИМНАЗИЈА  „ДОБРИ  ДАСКАЛОВ“ КАВАДАРЦИ

РАСПИШУВА

О  Г  Л  А  С

Ве известуваме дека СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци на својата веб страна www.dobridaskalov.edu.mk го објави Огласот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта согласно Конкурсот од страна на Министерството за образование и наука за учебната 2020/2021 година.

Се надеваме дека пријавувањето и запишувањето на учениците во прва година во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година ќе се одвива во нормални услови како и претходните години.

  1. Во прва година ќе се запишат  238  ученици во  7  паралелки според  наставните планови  и  програми за:

   I.1. ГИМНАЗИСКО  ОБРАЗОВАНИЕ ……………………….. 170  ученици  во  5  паралелки,  60 минимум поени

                –  Природно-математичко подрачје (комбинација А и комбинација Б)

–  Општествено-хуманистичко подрачје  (комбинација А и комбинација Б)

–  Јазично-уметничко подрачје (комбинација А и комбинација Б)

   I.2. ЕКОНОМИЈА, ПРАВО И ТРГОВИЈА ……………………… 68  ученици  во  2  паралелки,  60 минимум поени

                а) ЕКОНОМСКИ  ТЕХНИЧАР …………………………… 34  ученици  во  1  паралелка

б) ПРАВЕН  ТЕХНИЧАР …………………………………… 34  ученици  во  1  паралелка

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ  НА  УЧЕНИЦИ:

–  Да  имаат  завршено  основно  образование;

–  Да не  се  постари  од  17  години;

–  Да  се  определиле  за  план  и  програма  за  Гимназиско  или  Стручно  образование;

–  Да ги исполнуваат критериумите утврдени со Огласот.

III. ПОТРЕБНИ  ДОКУМЕНТИ  ЗА  ЗАПИШУВАЊЕ:

–  Пријава  за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое сака да се запише и истата е бесплатна);

–  Оригинални  Свидетелства од  VI до  IX одделение;

–  Дипломи (доколку ученикот има) од освоени (I, II и III ) места од меѓународни и државни натпревари (од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

–  Извод  од  матична  книга  на  родените  (без оглед на датумот на издавањето).

  1. I КОНКУРСНИ РОКОВИ:

Пријавувањето  и  запишувањето на учениците се  врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец  јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година од 08:00-15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25  јуни 2020 година од 08:00-15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на  26  јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година од 08:00-15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР  НА УЧЕНИЦИТЕ:

–  Средниот успех на ученикот од VI до IX одделение (за средниот успех може да добие најмногу 50 поени).

 Среден успех на ученикот постигнат по четирите предмети (мајчин јазик, странски јазик и двата предмети што се значајни за струката односно изборното подрачје – математика, физика, биологија и историја. Види Информатор). Ученикот  може да  добие најмногу  20  поени, по  5  поени  за  секој  предмет;

Дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје. За освоено  место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени;

–  Средна вредност од поени добиени за поведение (може да добие најмногу 5 поени). Примерно поведение се вреднува со 5 поени, Добро поведение се вреднува со 3 поени и Незадоволително поведение со 0 поени.

Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со  бројот 4.

Ученикот  по  сите  критериуми  утврдени  со  Конкурсот/Огласот  може  да  добие  најмногу  80  поени.

Доколку  има  ученици  со  ист  број  поени,  квалификационото  тестирање од  предмети  значајни  за струката ќе се организира на  22 јуни 2020 година, а резултатите ќе бидат објавени на 22  јуни  2020 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ ЌЕ ИМА НА ВЕБ СТРАНАТА И ОГЛАСНАТА ТАБЛА ВО УЧИЛИШТЕТО.

Април, 2020 година                                                                                 СОУ  ГИМНАЗИЈА  „ДОБРИ  ДАСКАЛОВ“  КАВАДАРЦИ

Comments are closed.