Инфо-центарот “Пријателство пред насилство” во соработка со петте основни училишта од град Кавадарци ги додели признанијата за амбасадори за пријателство.
По оддржаните 10 едукативни работилници за учениците од шесто до деветто одделение од основните училишта, проектниот тим на проектот “Пријателство пред насилство” и стручната служба на училиштата избраа 30 амбасадори за пријатрлство, односно по 6 од секое училиште.
Амбасадорите ќе бидат движечката сила на проектот и застапници на Инфо-Центарот во своите училишта. Тие имаат обврска да го намалат врсничкото насилство (Булинг) во своите училишта, со методи и механизми научени на едукативните работилници.
Проектот „Пријателство пред насилство“ го спроведува Здружението за едукација, тренинг и развој Прогресс Плус Кавадарци, во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).