Водени од грижата за нашите ученици и синтагмата дека „Превенцијата е најдобриот лек„ и оваа година ја одбележавме Неделата за безбеден интернет.
Со реализација на едукативна работилница од страна на предметниот наставник по Информатика на учениците им се посочија можностите за користење, но и опасностите од злоупотребата на податоците и информациите кои се проследуваат преку интернет мрежата.