Денес во посета на општина Кавадарци беа учениците од 4 одделение при ООУ ,,Гоце Делчев’’ Кавадарци, а повод беше дополнување на наставниот материјал за надлежности на локалната самоуправа, градоначалник и совет на општина.

Учениците беа примени од страна на градоначалникот Митко Јанчев, беа запознати со надлежностите на градоначалникот и советот, и им беше одговорено на поставените прашања согласно наставниот материјал кој го изучуваат во 4 одделение, но и дополнување на знаењата кои ги поседуваат.

Ви благодариме за посетата драги ученици и ве очекуваме повторно !

Comments are closed.