Како резултат на континуираната соработка помеѓу ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци и Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци на ден 05.03.2019 година од страна на волонтерите од ЦК во просториите на училиштето се реализираше работилница за забоздравствена заштита на учениците од првите одделенија.
Целта и постигнатите резултати беа насочени кон усвојување и повторување на правилата за темелно чистење и оддржување на хигиената на устата и забите, а како мотивација за примена на истите на учениците им се подарија четки и пасти за заби.