Денес со љубов и насмевка на лицето преку креативни игри и творење ја пративме нашата порака до сите вас и до целиот свет: САКАМЕ СВЕТОТ ДА Е ПЕСНА, ЛИЧЕН ЦВЕТ – ОВОЈ СВЕТ …МИР ДА Е НИЗ ЦЕЛ СВЕТ!!!!!

Истражуваме, изучуваме, усвојуваме… практична настава на учениците од 3 а одделение на тема ,, Скелет и структура на коски на човек и животни”.

Тргнувајќи од желбата за обезбедување на подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес успешно ја реализираме Развојната програма и обновуваме…. – реконструирани тоалетите за учениците во продолжен престој – набавени интерактивни табли, проектори и лаптоп компјутери – набавен нов училишен мебел за учениците од прво одделение Среќен почеток драги ученици !!!!

Уште еден почеток за сите нас и едно ново поглавје за новите првачиња… Со искрени желби и силни емоции денес свечено ги отворивме вратите на училиштето за да им го осветлиме патот до другарувањето, освојувањето на нови знаења и успеси. Директорката на училиштето со топло добредојде се обрати до присутните родители, ученици и наставници и упати желби за среќна и успешна учебна година.

Соопштение!

Почитувани родители на учениците запишани во прво одделение во предстојната 2023/24 година, Советот на општина Кавадарци донесе Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејствата со запишано прваче во учебната 2023/24 година од подрачјето на Општина Кавадарци. За таа цел потребно е родителите на учениците запишани во прво одделение, да достават копии од лична…

Учениците од 2 а одделение заедно со својата наставничка Радица Андреева уживаа во прекрасна дружба и запознавање со богатиот растителен и животински свет во селото Дреново…

+ 11

Денес учениците од IIб и IIв одделение заедно со своите наставници Татјана Јорданова и Љупчо Јорданов беа во посета на ХЕЦ -Тиквеш. Посетата беше во корелација со наставниот предмет природни науки – тема Енергија , наставна содржина Електрани -производители на електрична енергија.