За здравјето зборуваа, подароци даруваа, насмевки ни изнудија, благодарност заслужија…Аптека БЕЛАФАРМПродолжен престој 9 Apr
Во организација на СДМЈЛ на ден 23.3.2024 година се одржа Државниот натпревар во рецитирање на кој, за првпат, учествувашe и нашето училиште (категоријата рецитатори од VIII и IX одделение). Сара Јованова од VIII одделение покажа дека умешно ги владее техниките и вештините на рецитирањето и се стекна со благодарница. Секој обид е успех и токму Сара разгази нова патека по која ќе чекориме и во иднина! Браво Сара! Ментор: Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева 2 Apr
По повод денот на пролетта и екологијата денес со учениците од 6 и 8 одд. во прекрасна атмосфера на часот по италијански јазик се изработуваа еко пароли на италијански јазик…. 23 Mar
За Ангел е…од учениците е…за хуманост е…од #ПХВ е… Кога знаеме дека богатството е во душата за сите е поубаво…. Кога душата се дели, сите сме побогати…. Со здружена енергија под знамето на големите човечки вредности… За Ангел……redcross/phv#лидери за хуманоста за оваа година Марија Горана Зорица Фросина Андреа 23 Mar
Нашите животи станаа незамисливи без интернет и тој стана моќна алатка што ја користиме секојдневно. Интернетот ни дава многу можности да заштедиме време и ресурси, да научиме нови вештини и повторно да дадеме приоритет на вредностите. Сепак, со зголемената употреба на интернет, сведоци сме на зголемениот број на ризици кои доаѓаат со неа. Безбедно на интернет – работилница со родителот Горица Ѓоргиева – Мицева професор по информатика и учениците од 3 б и 3 в одделение. 23 Mar
„Во нашиот шарен свет, сите ние сме шарени цветчиња”. Va одд. Одбележување на Денот на ретки болести 23 Mar