Почитувани родители и ученици, започнува одбројувањето на времето до првиот училишен ден во предстојната учебна година… Уживајте во остатокот од летниот распуст и подготвени за нови успеси и другарувања ги очекуваме учениците на 2-ри септември понеделник од одделенска настава од 8.00 часот, а учениците од предметна настава од 8.45 часот. Свечениот прием на првачињата ќе започне од 10.00 часот. СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ДРАГИ УЧЕНИЦИ !!!

Ако знаењето е моќ, Вие драги наши првачиња од денес започнувате да го освојувате светот… Вашите родители и наставници од сега па натаму заеднички ќе ве воведуваат во тајните на знаењето, дружбата, етиката и моралот, а вашата мисија ќе биде стремеж за да го обоите светот со најубави бои…што повеќе и што подобро… СРЕЌНО !!!!!