Category Archives: Uncategorized
Од посетата на Еуро Никел Кавадарци
Една од формите за професионална ориентација и насочување на учениците кои нашето училиште ги превзема во потпомагање во изборот на следната фаза на образование е и презентацијата организирана од страна на Еуро Никел Кавадарци. Преку исцрпната промоција во текот на посетата на производствениот капацитет, нашите ученици од 9-те одделенија детално се запознаа со можностите, потребите и ресурсите на оваа компанија кои ќе бидат поттик за донесување на понатамошната одлука за школување.
Одбележување на 24-ти Март- „Светскиот за борба против туберколозата„
Учество и освоени награди на 4-ти кавадаречки полумаратон
Честитки за нашите ученици кои за прв пат учествуваа на 4-от кавадаречки полумаратон, а пехарот за освоено прво место во категоријата на момчиња во трката на 1000 метри заслужено се најде во рацете на нашиот ученик Павел Мукаетов од 8 а одделение, додека Васил Трајков од 9 б одделение се закити со третото место. Честито драги ученици….
Одбележана Неделата за борба против ракот
„Превенцијата како најефикасен лек„ е мотото со кое се одбележа Неделата за борба против ракот. Благодарение на континуираната соработка со Општинската Организација на Црвен Крст Кавадарци учениците од IX одделенија стекнаа основни знаења за одржување на здравјето, благосостојбата и навремена заштита од оваа болест…
Свечено доделување на награди и пофалници на учениците кои учествуваа на квизот „Кој го познава Данте„ организиран од страна на Здружението на професори по Италијански јазик и амбасадата на Република Италија во Македонија
Споделуваме пријатни моменти од свеченото доделување на наградите и пофалниците на учениците кои учествуваа на квизот „Кој го познава Данте„ организиран од страна на Здружението на професори по Италијански јазик и амбасадата на Република Италија во Македонија и упатуваме честитки до учениците и наставникот-ментор Билјана Николовска.
Недела на Информатиката
Нашите ученици од VI-то одделение заедно со наставникот по Информатика ја одбележаа Неделата на информатиката. Најпрво беше реализирано предавање на тема „Безбедно на интернет„ , а потоа учениците самостојно креираа приказни во Scratch на истата тема. Со примена на критички пристап во активностите беа мисловно ангажирани и насочени кон повисоки нивоа на планирање, постапување и решавање.
Известување за почеток на второ полугодие
Почитувани ученици, учебната година ќе започне на 1-ви февруари со промена на смените: одделенска настава од 7.30 ч., а предметна настава од 13.30 ч.
Зимски радости
Единствениот пат кој води до знаење е преку активност. (Б. Шо).Проект за унапредување на основното образование ПЕИП-Проект
Во рамките на Проектот за унапредување на основното образование ПЕИП-Проект, Министерството за образование и наука обезбеди опрема и наставни средства за реализација на групата предмети од областа на природните науки.Ваквото облагородување на кабинетскиот простор за изведување на овој тип на настава овозможува идеални услови за современа теоретска и практична настава и поголеми успеси на нашите ученици