И оваа година вредните „италијанци„ од нашето училиште по повод Неделата на италијанскиот јазик во светот -La settimana della lingua italiana nel mondo-која се одржa од 16-22 октомври, на тема: ,,Италијанскиот јазик и одржливоста”, го одбележaa овој настан со интересни содржини: изработка на индивидуални цртежи, заеднички хамери интересни дијалози и самите испишаа поучни пароли до сите во светот за Заштита на животната средина и Екологијата. Истите активности беа претставени на дигитална изложба организирана од страна на ЗПИРМ во соработка со Италијанската амбасада и со поддршката на амбасадорот, г-дин Андреа Силвестри, на ден 26.10.2023 во 19:30ч.

За да стекнеме повеќе вештини, за да оствариме поголеми успеси, за повесели мигови за нас и нашите блиски…

Запознавање со музичките инструменти труба, кларинет и хармоника.Промотивна музичка средба со ОМБУЦЛазоМицевРалеКавадарци.Уписите се во тек…

Кога малите луѓе прават големи работи, тие стануваат поголеми од најголемите… Биди примерот кој треба да се следи! Сплотени оваа #Недела за борба против гладта#ООУ„ГоцеДелчев“Општинска организација на Црвен Крст Кавадарци

Работилница: Изработка на еколошки честитки Ментор: Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева – наставник по македонски јазик Благодарни што им се патоказ кон вистинските патеки до успехот, учениците од VIIа одделениего одбележааСветскиот ден на учителотсо изработка на еколошки честитки со кои им го честитаа и им го разубавија денешниот ден на своите наставници

Работилница: Одблиску со наставникот – 10 прашања за мојот наставник Ментор: Дијана Пачешкоска Ѓорѓиева – наставник по македонски јазик По повод Светскиот ден на учителот учениците од VIIIби VIIIв одделение одблиску разговараа со наставниците, поставувајќи им прашања со цел да дознаат како е да се биде наставник, но и прашања за сѐ она што наставниците го сакаат надвор од нивната професија.