Родителите активни учесници во наставата во 3б и 3 в одделение . За подобро запознавање со професијата фармацевт, која е улогата на лековите и како тие правилно се употребуваат, денес гостин во нашата училница беше м-р Марија Стојанова Ристова.

Во чест на вчерашниот, денешниот, утрешниот и сите денови кои треба да ги закитиме со здравје, добро расположение, и здрави навики!!!

По повод Неделата на италијанскиот јазик во светот -La settimana della lingua italiana nel mondo нашите ученици учествуваа се вклучија со свои цртежи и видео записи. На дигиталната изложба организирана од страна на ЗПИРМ во соработка со Италијанската амбасада и со поддршката на амбасадорот, г-дин Андреа Силвестри, на ден 26.10.2023 ги изложија своите цртежи и се здобија потврди и пофалници за учество.

Брзата реакција спасува живот… „Како да пружиме прва помош„ е насловот на денешното предавање кое го реализираше Др.Ратко Грков во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Кавадарци. Благодарност за организаторот и реализаторот кои со богат опис го разбудија интересот и вниманието на нашите ученици од осмите и деветтите одделенија и ги усвоија основите на давањето на прва помош.