Успешен предизвик!

Во опуштена атмосфера при обид да се задржи вниманието додека соученичките ѝ подготвуваа роденденско изненадување на Хелена, произлезе предизвик…

Со голем жар и ентузијазам учениците ја распламтија идејата и веќе немаше назад…

Предизвикот го проследија до наставничката Дијана Пачешкоска, која понатаму со одлично драмско-музичко дело низ ликовите на нашите ученици од 9-те одделенија кои играа, пееја и драматизираа, упати јасна порака до сите возрасни категории:

Важно е да кажеме што чувствуваме зашто, КОЛКУ СМЕ СИЛНИ, ТОЛКУ СМЕ И СЛАБИ ….

Comments are closed.